19. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израел: Нападнавме десетици воени цели вклучувајќи и центар за нуклеарни истражувања

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека извршиле десетици воздушни напади преку ноќ, таргетирајќи повеќе локации во Техеран со помош на повеќе од 60 израелски борбени авиони.

Според ИДФ, во нападите биле употребени околу 120 смртоносни средства. Целите биле воени постројки за производство на ракети и центар за нуклеарни истражувања за кој израелската војска вели дека е поврзан со развојот на нуклеарно оружје на Иран.

Во текот на ноќта, ИДФ, исто така, објави дека Иран извршил напади врз Израел, при што се регистрирани напади на југот од земјата.

Иран досега не се огласил за овие напади./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

САД во ОН повторно ставија вето на нацртот за прекин на огнот во Газа

C +

Трамп му кажа на Стармер дека треба да ја користи војската за контрола на британските граници

C +

Полска купува 2.500 ракети од САД

C +