Амбасадата на САД во Ерусалим ќе биде затворена од среда до петок поради безбедносната ситуација во регионот и во согласност со израелските упатства, објави американскиот Стејт департмент.
„Во светлината на безбедносната ситуација и во согласност со упатствата на израелската команда на внатрешниот фронт, амбасадата на САД во Ерусалим ќе биде затворена од среда, 18 јуни, до петок, 20 јуни. Ова ги вклучува конзуларните оддели во Ерусалим и Тел Авив“, соопшти Стејт департментот.
Израел го започна конфликтот со изненадувачки напад минатата недела во кој беа убиени речиси сите врвни воени команданти на Иран, како и неговите водечки нуклеарни научници. Израелските напади во Иран оставија најмалку 224 мртви и повеќе од 1.000 ранети, според официјалниот број на жртви во Иран.
Според кабинетот на израелскиот премиер, во иранските ракетни напади врз Израел од петокот загинаа 24 лица./Извор:Makfax
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...