Под влијание на топла воздушна маса од југ до крајот на оваа седмица времето ќе биде многу топло. Од понеделник ќе преовладува претежно стабилно време, а дневната температура ќе биде во опаѓање.
Прогноза за 07.06.2025
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 28°C до 37°C
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Прогноза за 08.06.2025
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 29°C до 38°C
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Прогноза за 09.06.2025
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 36°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...