Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Влада утрово излезе со соопштение: Промените се очигледни, растот на БДП од 3,4% ја стави Македонија во иста група со богатите држави Ирска, Данска и Полска

Соопштение на Влада:

Промените во Македонија се случуваат и тоа станува сè повидливо и појасно, македонската економија доживува ренесанса.

Македонија е меѓу петте земји со најбрзорастечки економии во Европа.

3,4 проценти е растот на Бруто домашниот производ за првото тримесечје за 2025 година, согласно прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика.

За разлика од претходно, сега Македонија бележи позитивни резултати и според овие бројки и проценти, Македонија се впишува како земја со најбрзорастечка економија, во група на држави како Ирска, Данска и Полска.

Порастот на БДП е показател дека работиме посветено и носиме одговорни политики во интерес на граѓаните.

И тука не застануваме, нè чека целосна трансформација на Македонија и промени кои ќе значат поголема сигурност и подобра иднина за сите.

Македонија ја очекуваат нови победи и уште поголеми економски резултати, тоа што го ветивме, се обврзавме, го исполнуваме.

Македонија мора да оди напред, а граѓаните да се задоволни.

Економскиот раст и развој се наш најголем фокус и приоритет. Затоа продолжуваме со јасна визија и јасни цели, македонската економија да оди напред.

Државата е на патот на промените!

Можеби ќе ве интересира

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено било телото на 16 годишното девојче кое исчезна во Вардар

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК