7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Облачно време со врнежи од дожд и температура до 25 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец., информира УХРМ.

Дневната температура ќе биде во интервал од 16 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе достигне до 20 степени.

Во петок и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на пороен дожд. Од недела следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на дневната температура./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК