Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Неколку лица, меѓу кои и полицаец, избодени во напад во Холандија

Неколку лица се повредени во напад што се случи утрово во Холандија, објавија медиумите. Итните служби интервенираа кратко пред 6 часот наутро на улицата „Фани Бланкерс-Кенлан“ во градот Хофдорп, откако добија дојава за напад.

Еден полицаец бил однесен во болница, а на полициското возило била видлива крв. Полицијата во соопштението за мрежата X изјави: „Околу 6 часот наутро добивме пријава за напад врз Фани Бланкерс-Кенлан.

Неколку лица беа повредени, вклучувајќи и еден од нашите колеги. Бројни служби за итни случаи и тимот за итна медицинска помош се на местото на настанот. Областа е блокирана. Истрагата е во тек. Повеќе информации ќе следат.“

Снимките и фотографиите на социјалните мрежи покажуваат најмалку пет амбулантни возила, а на местото на злосторството е испратен и полициски хеликоптер. Според холандската новинска агенција АНП, во нападот загинале две лица, но полицијата сè уште не ја потврдила оваа информација./Извор:Makfax