Реакција на СДСМ:
Со жалење мораме да констатираме дека политичката матрица на ВМРО-ДПМНЕ се граничи со секташтво па дури и по цена да се дотура сол на раната на семејствата на починатите и повредените од трагедијата во „Пулс“ во Кочани.
Неверојатно тешко и мачно беше да се слуша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани Миле Лефков кој со неверојатна леснотија и ноншалантност констатираше дека носењето на Закон за помош на семејствата на загинатите и повредените во Кочани било „поддржување на корупцијата“. Срамота е ВМРО-ДПМНЕ да посочува некој за корупција, кога токму во ваше време благодарение на партиските кадри и расцветаната корупција во Кочани резултираше со оваа трагедијација на семејствата на загинатите и повредените. Срамота е ВМРО-ДПМНЕ да посочува некој за корупција, кога токму во ваше време благодарение на партиските кадри и расцветаната корупција во општина Кочани, ОВР Кочани, ДПИ и УЈП резултираше со оваа трагедија.
Со корупција се обидувате да ги сокриете одговорните.
Забеганоста да биде уште посериозна, Лефков без срам и перде зборува за „кадровско освежување“ во Кочани. Без срам Лефков најавува нови партиски вработувања, нови тендери и повторно злоупотребување на трагедија за нивно лично богатење и партиски интерес.
Достоинствен човек би се сокрил и би престанал да се занимава со политика по ваква трагедија во неговиот град, наместо да мудрува и дополнително да ги разјарува раните и тагата на родителите на починатите од трагедијата во „Пулс“.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...