27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне со изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T=27°C. P=974hPa. U=48%. V=6m/s

Утре попладне, во текот на ноќта и в сабота претпладне ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови (од 20 до 30 l/m²), а во другите од 10 до 20 l/m². Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Седница на ИО на СДСМ: Нови 11 кандидати за градоначалници

ДЕСК

Пеколно жешко до 38°C, па температурен пресврт и невреме со заладување – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се закопа во сопствените лаги СДСМ гласаше за забрана за увоз на отпад и тоа го објави Шукова

ДЕСК