10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода возач од Дебар, управувал возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола и не застанал на даден знак од полициски службеник

На 01.05.2025 во 19.20 часот, полициски службеници од ОВР Дебар лишија од слобода лице(23) од Дебар, кој претходно, на регионалниот пат кон селото Удово, управувајќи патничко возило „опел“, со дебарски регистарски таблици, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници и се дал во бегство.

Веднаш се преземени соодветни мерки и активности и по кратко време, тој е запрен на улицата „Веби Дибра“ во Дебар и притоа е констатирано дека .лицето е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,77 промили алкохол во крвта и дека не поседува возачка дозвола. Против А.Љ. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Чувајте се, афричкиот топол бран чука на врата, температурите ќе достигнат и до 40°C – Метеоролозите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

ДИК оддржа седница по распишувањето на Локалните избори – донесени 12 точки на дневен ред

ДЕСК

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период

ДЕСК