7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа на патниот правец Кичево-Гостивар

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа што вчера вечерта се случи на патниот правец Кичево-Гостивар. Од 21 часот сообраќајот на овој патен правец беше во прекин.

Според информациите на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вчера во 20:55 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и селото Трапчин Дол во која учествувале три возила.

Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, а осум лица се повредени. Дел од нив се пренесени во болницата во Кичево, дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: На нечесноста од ДУИ ќе одговориме сложно, сите кичевчани

ДЕСК

Филипче и Герасимовски го кренаа Центар на нозе – погледнете ја атмосферата

ДЕСК

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

ДЕСК