9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Свлечиште во Битолско блокира пат

РЦУК Битола, известува дека поради настанатото свлечиште на патот што ги поврзува село Долно Дивјаци, Општина Крушево и село Кочишта Општина, Демир Хисар состојбата на патот оневозможува безбеден сообраќај.

Поради тоа привремено, се до решавање на настаниот проблем, за сите категории на возила се забранува движење на дел од истиот патен правец.

Забраната на сообраќајот е објавена преку средствата за јавно информирање и е означена со сообраќајна сигнализација.

РЦУК Битола, исто така, известува дека преку број за итни повици 112 добиена е пријава за срушен ѕид од куќа на улицата Стево Патако бр.5, кој го попречува нормално одвивање на сообраќајот. За настанатата состојба известени се СВР Битола за понатамошно постапување (поставување на соодветна сообраќајна сигнализација и пренасочување на сообраќајот)./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

ДЕСК

Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ- Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија

ДЕСК

Филипче: Мицкоски воведува нов данок за граѓаните, ДДВ и на евтините пратки

ДЕСК