19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Фон дер Лајен и кинескиот премиер разговараа за царините

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, утрово разговараше со кинескиот премиер Ли Кијанг. Европската комисија објави соопштение за медиумите.

„Како одговор на широкото нарушување предизвикано од американските царини, претседателката Фон дер Лајен ја нагласи одговорноста на Европа и на Кина како два најголеми пазара во светот да поддржат силен реформиран трговски систем, слободен, фер и заснован на еднакви услови“, се вели во соопштението.

„Претседателката повика на договорено решение на актуелната ситуација нагласувајќи ја потребата да се избегне понатамошна ескалација“, се посочува.

Се додава дека Фон дер Лајен и Ли ја допреле клучната улога на Кина во справувањето со потенцијалното трговско пренасочување предизвикано од царините./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Моќно зголемување на платите во Германија: Милони работници ќе ги добијат парите во следните недели

ДЕСК

Девет загинати во руските напади врз Украина ноќеска, меѓу нив и деца

C +

„Зеленски се соочува со тешка средба со Трамп, мировните услови нема да бидат во корист на Киев“

C +