Одговор на новинарско прашање, Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ:
СДСМ ги слуша, ги разбира и целосно ги поддржува барањата на граѓанското движење „Кој е следен“. Сметаме дека тие се легитимни, праведни и пред сè – неопходни.
Ова не се само барања на иницијативата – ова се барања на целото општество и сите граѓани. Ова се гласови на генерација која прашува нешто суштинско: дали некој конечно ќе одговара? И да, време е конечно да има одговорност, целосна и неселективна – дисциплинска, кривична, политичка – за сите институции и поединци кои со своето (не)делување ги довеле граѓаните до опасност и трагедија. Без селекција и без калкулации.
Веруваме дека Владата и ЈО ќе бидат доблесни да ги прифатат овие барања за кои илјадници малди маршираа на улиците.