Centar.mk
ЛОКАЛНО

Објавен јавен повик за реализација на активности од Акцискиот план за развој на волонтерството за организирање на волонтерски акции

Јавниот повик се однесува на доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Битола на реализација на активности од акцискиот план за развој на волонтерството, за организирање на волонтерски акции, а во насока на остварување на заложбите на Општина Битола за поддршка на граѓанските организации во промоцијата и поттикнувањето на активизмот на граѓаните и нивната поголема вклученост во активности од суштествено значење за локалната заедница, како што е волонтирањето и општествената одговорност.

Волонтерските акции може да се реализираат на отворен или затворен јавен простор (училишта, градинки, детски игралишта, плоштади, паркови и сл.) и вклучуваат граѓани од различни целни групи (пол, возраст, етнички и социјални групи, професии и сл.). Идеи за волонтерски акции: расчистување, садење дрвја и зеленило, разубавување на јавни простори, цртање на мурали, изработка на клупи/маси од палети, средување на училишни дворови, бојадисување на огради, вело паркинзи, канти за отпадоци, поправки и бојадисување на клупи, детски реквизити во паркови и слично.

Повеќе информации за повикот, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/volonterski-akcii/.

Можеби ќе ве интересира

Шалтерите на скопски „Водовод“ нема да работат за време на празникот

C +

Победниците на “средношколец-милионер” на средба со Коњановски

ДЕСК

Врачени наградите за најдобрите волонтери во Општина Битола

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.