19. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Денес врнежи од дожд и умерен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.

УХМР информира дека под влијание на влажни воздушни маси од југ, од денеска следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (над 60км/час). Поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд (над 20л/м2 за 24 часа)./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево

C +

Каранфилова Пановска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорна за еколошкиот хаос во Вардариште и Дрисла

C +

Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност за серијата трагични случаи во изминатите 15 месеци

C +