Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со возило удрена и повредена малолетничка на “Партизанска”, полицијата го приведе возачот

Денеска (21.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода лице (39) од скопско, затоа што околу 14.30 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје, наспроти пазарот Ѓорче Петров, управувајќи патничко возило “голф” со скопски регистарски таблички, удрил во 12-годишна малолетничка-пешак од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплекс клиники “Мајка Тереза” каде и била укажана лекарска помош и констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид од СВР Скопје, а возачот е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава по итна постапка.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОК ПРИТИСОК ГО „ЗАКЛУЧУВА“ ВРЕМЕТО: Стабилност со скриена замка – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ со упатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030

ДЕСК

Пожар во стан во Скопје, за среќа нема повредени

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.