Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Многу пресврти со времето деновиве: Прво температури до 30 степени, потоа температурен шок кој носи значителен пад кој на некои места носи и снег

Утре и во сабота времето ќе биде стабилно и топло со засилен јужен ветер (над 60 km/h). Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и дневните температури ќе опаднат за 7 до 10 степени.

Прогноза за 15.03.2025
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 21°C до 29°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Прогноза за 16.03.2025
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 17°C до 25°C

Променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од западен правец.

Прогноза за 17.03.2025
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 14°C до 21°C

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.