1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Утре и задутре во Велес и во с. Башино Село, симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите

Соопштение на АХВ:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – (FAO), утре, вторник, 11.03.2025 година и во среда 12.03.2025 година, ќе спроведе симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите. Теоретско практичниот дел од симулацискта вежба ќе се одржи на утре (вторник) во Велес, а теренскиот на 12.03.2025 година (среда), во с. Башино село.

Ја известуваме јавноста од општина Велес и локалното население во с. Башино село, дека не станува збор за реална ситуација и појава на болест, туку за активности на Агенцијата поврзани со симулациската вежба која ќе се реализира по однапред утврдено сценарио и ќе опфати активности кои би се презеле во случај на појава на болеста. Целта на симулациската вежба е утврдување на добрите и слабите страни на одговор при евентуална појава на болеста африканска чума кај свињите.

На вежбата ќе учествуваат претставници од АХВ, Ветеринарната комора на РСМ, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, експерти од Европската унија, претставник oд Секторот за шумарство и ловство при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, од здруженијата на одгледувачи на свињи и претставник од Ловечка федерација на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски вели дека во споредба плата-трошоци за живот, подобри сме од Грција, Португалија, Кипар, Унгарија…

ДЕСК

Голема полициска акција вечерва кај патарината кон Куманово, сообраќајот во колапс

ДЕСК

СВЕЖО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ И СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ, ОД ВТОРНИК ПРЕСВРТ – Метеоцентар со неколкудневна прогноза

ДЕСК