Продолжува периодот на топло време за овој период од годината. Од средината на новата работна седмица ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен јужен ветер.
Прогноза за 09.03.2025
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 17 до 23°C
Сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Прогноза за 10.03.2025
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 16 до 23°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Прогноза за 11.03.2025
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 16 до 22°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).