Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Невистинити се обвинувањата на Кузеска, има 24 часа да се извини, во спротивно ќе поведат постапка за навреда, клевета и нарушување на угледот

„На денешната прес-конференција на СДСМ беа изнесени целосно невистинити информации поврзани со мене како министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и со институцијата со која раководам“, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

„Станува збор за лажни тврдења, кои не соодветствуваат со фактичката состојба. Проектот за кровната конструкција е тековно одржување на објектот на Министерството, со единствена цел превенција од натамошни оштетувања и поплавување – проблем што настана како резултат на несоодветното одржување на зградата во изминатите години, кога институцијата беше под раководство на ДУИ и СДСМ. Постапката за јавна набавка е спроведена целосно законски, транспарентно и во согласност со сите важечки правни процедури.

Дополнително, манипулативен и тенденциозен обид за политичка дискредитација претставува моето лично поврзување со одлуките на други правни субјекти, вклучително и органи на локалната самоуправа, што е неоснована и злонамерна конструкција.

Во таа насока, ја повикувам Богданка Кузеска и СДСМ во рок од 24 часа јавно да се извинат за ширењето лажни информации и грубо манипулирање со јавноста. Доколку тоа не се случи, ќе бидам принуден да преземам соодветни правни чекори, вклучително и граѓанска постапка за навреда, клевета и нарушување на угледот.

Како министер, останувам цврсто посветен на принципите на транспарентност, отчетност и законитост. Работењето на институциите мора да биде засновано на факти и докази, а граѓаните имаат право на вистински и проверени информации“, стои во фејсбук објавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК

СЛЕДУВА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ПОРОЕН ДОЖД И ВРНЕЖИ, НЕКАДЕ ВО ФОРМА И НА НЕВРЕМЕ – Метеоцентар со четири дневна прогноза

ДЕСК

Апасиев: Коцевски го изгуби легитимитетот – изгласана интерпелацијата поднесена од Левица

ДЕСК