Наместо да манипулира и етикетира, ВМРО ДПМНЕ треба да ги слушне работниците и да ги покачи платите. Секогаш кога не можат да решат некој проблем кој што треба да се реши и е од интерес на грашаните, ВМРО-ДПМНЕ манипулира и се служи со етикетирања и изговори, изјави портпаролката на СДСМ , Богданка Кузеска, во офговор на новинарско прашање.
„Ова што го слушаме од ВМРО ДПМНЕ е класична манипулација, стратегија на ДПМНЕ e секогаш кога не можат да решат проблем кој навистина треба да се реши како што е во овој случај покачувањето на платите. Она што го слушаат од владините претставници граѓаните не го заслужуваат, работниците не заслужуваат ваков одговор, не заслужуваат да слушаат етикетирање, изговори зошто не може да се реши нивниот проблем. Граѓаните живеат во тешко време, животниот стандард е се потежок. Тоа што го очекуваат од власта е да се покачат платите“, рече Кузеска доадавајќи дека токму тоа трба да го направи ВМРО ДПМНЕ, да најде решение наместо да навредува и да етикетира и наместо да дефокусира само за да не излезат во пресрет на барањата на граѓаните.