Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хамас им се заканува на Израел и Америка: Воената ескалација најверојатно ќе доведе до убиство на заложници

Секоја израелска воена ескалација против Палестинците најверојатно ќе доведе до убиство на некои заложници, изјави вчера портпаролот на Хамас Абу Обеида, додавајќи дека израелските закани за војна и блокада нема да обезбедат ослободување на заложниците.

Обеида предупреди дека секоја израелска воена ескалација против Хамас во Газа најверојатно ќе резултира со убиство на некои заложници, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека израелските закани за војна и блокада нема да обезбедат ослободување на заложниците и тврди дека Хамас останува посветен на придржувањето до договорот за прекин на огнот со Израел, чија прва фаза неодамна беше завршена.

Во Појасот Газа, Хамас сè уште држи 59 заложници по завршувањето на првата фаза од прекинот на огнот, од кои најмалку 35 се мртви, како што потврдија израелските одбранбени сили (ИДФ).

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека на САД им го пренел ставот на Израел во врска со директните преговори со Хамас.

Откако Белата куќа потврди дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одржала директни разговори со Хамас, канцеларијата на Нетанјаху соопшти дека Израел му пренел на Вашингтон „како се чувствува“ за тие контакти, но не наведе детали.

Белата куќа претходно потврди дека води директни разговори со Хамас и соопшти дека за овие преговори бил консултиран Израел.

Повикувајќи се на два неименувани извори, американскиот портал Аксиос претходно објави дека пратеникот на Трамп за прашања за заложниците, Адам Белер води директни преговори со Хамас во врска со ослободувањето на американските заложници држени во Газа, како и за можноста за постигнување поширок договор за прекин на војната./Извор:Makfax

ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Видео) Масивен руски напад врз Украина, одекнуваат експлозии, има повредени

C +

Русија утринава погоди објект на цивилна инфраструктура и станбена зграда во Харков при голем напад на Украина, а засега е познато дека се повредени пет лица, објави градоначалникот на градот Игор Терехов.

Според Терехов, на местото на ударот избувнал пожар, пренесува Укринформ.

„Оштетена е и блиската станбена зграда. Од неа се евакуираат сите жители“, додаде градоначалникот.

Во Харков утринава се слушнале две експлозии за време на тревога за воздушен напад.

Во Тернопилската област се забележани и руски ракетни напади врз важен индустриски објект, објави шефот на регионалната воена управа во Тернопил, Вјачеслав Негода.

„Како резултат на ноќен непријателски напад во регионот Тернопил, проектили погодија важен индустриски објект. Можни се ограничувања на снабдувањето со гас. Силите за противвоздушна одбрана го соборија непријателскиот проектил“, се вели во извештајот.

Тој додаде дека нема повредени и дека надлежните служби ги отстрануваат последиците.

Русија утринава лансираше крстосувачки ракети „Калибар“ од Црното Море и ударни беспилотни летала, а во Украина беше прогласена голема воздушна тревога, објави Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина на Телеграм./Извор:Makfax

✖