11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Утрото ведро и постудено, преку денот релативно топло со температура до 19 степени

Времето денеска наутро ведро и постудено, преку денот сончево и релативно топло.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, наутро студено, а преку денот релативно топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и релативно топло време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст и значително повисоки на крајот од работната недела кога наместа ќе надминуваат 20 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Упорно бараме декласификација на материјалите

C +

Филипче: После 10 дена пожар во Вардариште и неколку дена во Дрисла граѓаните практично се гушат

C +

Филипче: Жалам што вчера премиерот кажа дека нема намера да се интервенира во цените на производите

C +