Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нова трагедија во Македонија: Млад скопјанец со автомобил удрил во велосипедист, кој почина на лице место

Денеска (05.03.2025) во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.В.(26) од Скопје, удрило во велосипед управуван Б.К.(78) од Скопје.

Од здобиените повреди, на местото на настанот починал велосипедистот Б.К., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, а возачот К.В. бил лишен од слобода. Тој бил спроведен во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.