Израел планира постепено да го зголемува притисокот врз Хамас да го прифати новиот предлог за продолжување на првата фаза од договорот за прекин на огнот и да обезбеди ослободување на сите заложници кои ги држеше терористичката група, покрај вчерашното запирање на помошта за влез во Појасот Газа, извести израелскиот весник Кан, а пренесе Тајмс оф Израел.
Во извештајот се наведува дека следните фази на израелскиот план за „максимален притисок“, за кој се вели дека е изготвен во текот на изминатите неколку недели, се повторно преместување на населението во Газа од север на југ на територијата – како што беше случај во поголемиот дел од војната – и подоцна, доколку е потребно, да се исклучи сета електрична енергија во Појасот.
Конечната планирана мерка, пишува израелскиот медиум, наводно е целосно враќање на војната, овој пат со тешки бомби кои ги задржа претходната американска администрација, како и оружје и воена опрема во вредност од милијарди долари што новата администрација му ги испраќа на Израел./Извор:Makfax
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...