Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ е партија на осудени криминалци и симбол на корупција

Соопштение на СДСМ:

ДПМНЕ останува синоним за криминал и корупција, партија со најголем број осудени функционери во историјата на државата.

Од Груевски, преку Јанакиески и Јанкуловска… ДПМНЕ никогаш не се откажа и не се огради од ниту еден од криминалната структура во нивните редови а Игор Јанушев им е еден од главните во Владата и денеска.

Ако во ДПМНЕ се откажат од сите осудени и обвинети во своите редови, во „белата палата“ ќе останат само вработените во обезбедувањето. Ова е вистината што сакаат да ја сокријат зад своите празни фрази и политички манипулации.

Додека животниот стандард тоне, а економијата пропаѓа, ДПМНЕ повторно посегнува по старите методи – политички прогон, лаги и обиди за етикетирање на опозицијата.

СДСМ ниту ќе го замолчите, ниту ќе не заплаште!

Граѓаните веќе го видоа вашиот филм – и знаат како заврши. Вашите празни соопштенија и излитени фрази се залудни. ДПМНЕ е прочитан буквар, а нивниот обид за ново заробување на државата – веќе виден и осуден на пропаст.