СÈ Е ПОДГОТВЕНО ЗА 32. КОПАОНИК БИЗНИС ФОРУМ
Србија 2027 – Тежнеење кон економија со високи приноси
Најзначајниот бизнис-настан во регионот, Копаоник бизнис форум, ќе се одржи од 2 до 5 март во хотелот „Гранд“ на Копаоник. Оваа година, форумот ќе собере повеќе од 1.600 учесници.
Централната тема на 32-от форум е „Србија 2027 – Тежнеење кон економија со високи приноси“. Очекуваме присуство на најистакнатите лидери од стопанството, економијата и науката. Во текот на четирите дена, ќе се одржат 38 панел-дискусии, три пленарни сесии, како и три интервјуа со истакнати гости од различни области.
„Традиционално, Копаоник бизнис форумот промовира нови идеи и решенија кои се важни за подобро разбирање на предизвиците поврзани со агендата за одржлив развој. Целта на овогодинешниот форум е аргументирано да се анализира состојбата во економијата и општеството, како и да се дефинираат неопходните реформски насоки за избегнување на замката на средниот доход и достигнување на економија со високи приноси. Веруваме дека сите учесници ќе ја искористат моќта на дијалогот и размената на идеи и искуства на најдобар можен начин“, истакна Александар Влаховиќ, претседател на Сојузот на економисти на Србија.
Деценија партнерство со Mastercard
Традиционален партнер на Копаоник бизнис форум е Mastercard, глобалната технолошка компанија која веќе десетта година по ред го поддржува овој престижен настан. По тој повод, Јелена Сретеновиќ, директорка за пазарите на Србија, Црна Гора и БиХ во компанијата Mastercard, се осврна на значењето на стратешката соработка:
„Овогодинешното издание на форумот е особено важно бидејќи славиме деценија партнерство, кое совршено го одразува нашиот овогодинешен слоган: ‘Обединети во визијата, водени од автентичноста’. Преку сите овие години на заеднички раст, Mastercard ја потврдува својата присутност и влијание во регионот и активно придонесува во обликувањето на бизнис-иднината, поттикнувајќи иновации, економски развој и конкурентност.“
Што нé очекува на форумот?
Форумот започнува во недела, на 2 март, со претставување на плановите за EXPO 2027. Потоа следат панели посветени на анализи на макроекономската состојба на Западен Балкан и во Србија. Исто така, ќе бидат презентирани резултатите од годинешниот KBF индекс на корпоративна репутација. Следуваат дискусии за создавање глобални производи, улогата на жените во климатските промени, а денот ќе заврши со разговор со Александар Костиќ, претседател на MK Group.
Во понеделник на 3 март, по обраќањето на организаторите и партнерите, ќе бидат претставени ставовите за тековната економска состојба од страна на гувернерот на Народната банка на Србија и министерот за финансии на Владата на Србија. Панел-дискусиите ќе опфатат теми како што се влијанието на војните и трговските конфликти врз Европа и Србија, дигиталната економија, вештачката интелигенција, инфраструктурните планови и поврзувањето. Ќе бидат презентирани и неколку старт-ап проекти, избрани преку конкурсот на Сојузот на економисти на Србија. Покрај тоа, ќе се дискутира за улогата на осигурувањето, проценката на инвеститорите за српската економија, иновативното работење во Кина, а денот ќе заврши со разговор со Ге Јун, извршен директор и претседател на Tojoy – најголемата старт-ап и иновативна бизнис платформа од Кина.
Третиот ден, вторник, 4 март, започнува со излагање на специјалниот гостин на форумот, проф. Бранко Милановиќ. По пленарниот дел, следуваат панели за зелената енергетска транзиција, трендовите во финансиската индустрија, улогата на образованието во достигнување на економија со високи приноси. Посебен акцент ќе биде ставен на актуелните теми за унапредување на квалитетот на јавните служби, циркуларната економија, иновациите, земјоделството и преработувачката индустрија, како и улогата на банкарскиот сектор во економскиот раст.
Вториот ден ќе заврши со разговор со Светислав Пешиќ, селектор на кошаркарската репрезентација на Србија и меѓународно признат експерт за градење тимови и лидерство.
Последниот ден, среда, 5 март, ќе започне со пленарна сесија на која истакнати претставници од водечки институции и организации ќе ги презентираат своите програми за работа. Традиционално, по воведните излагања ќе следи UNICEF панел, додека завршните три панели ќе бидат посветени на модерното завештание во Србија, генерациите Z и Алфа, а на самиот крај – на здравствениот сектор.
Светски конгрес на економисти во Белград
Важно е да се напомене дека Сојузот на економисти на Србија, со одлука на Извршниот одбор на Меѓународната економска асоцијација (IEA), е избран за домаќин на XXI Светски конгрес на економисти, кој ќе се одржи во јуни 2026 година. Сојузот е полноправен член на IEA од 2013 година и единствен претставник на Србија во оваа престижна организација.
За повеќе информации за агендата, учесниците и спонзорите, посетете го официјалниот сајт: www.kopaonikbusinessforum.rs
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...