27. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кузеска: Сметките за струјата зголемени за 40% се сериозен удар за граѓаните

Животниот стандард на граѓаните е тема за кој треба да зборува власта. Сметките за струја се зголемени за 30 а некаде и за 40%, цените во маркетите се превисоки, а минималната плата не е покачена. СДСМ предложи економски мерки, за помош на граѓаните, но власта не ги прифати, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во дебатната емисија „Анализа“ на 24 ТВ.

Таа потенцираше дека покачувањето на струјата за 40% е сериозен удар по џебот на граѓаните, кој и онака едвај врзуваат крај со крај заради високите цени на храната.

– СДСМ даде неколку економски предлози, како намалување на ДДВ на струјата и на храната, но власта не ги прифати. Минималната плата не е покачена, ниту планираат да ја покачат. Па, во времето кога СДСМ беше на власт, направивме чекори кои се покажаа како поддршка за граѓаните. За 7 години платите беа покачени 4 пати, а 80% се субвенционираше струјата. Тоа сега го укинаа. Власта не ни мисли да ја покачи минималната плата. ДПМНЕ веќе нема ни разговор со работниците, немаат ниту еден социјален дијалог, со граѓаните изгубија секаква комуникација, со претставниците на целните групи кои бараат да имаат поголеми плати. А, од друга страна ги покачуваат цените, што е сериозен удар за граѓаните во оваа криза. Нека каже власта што мисли да прави си животниот стандард на граѓаните кои едвај врзуваат крај со крај, како рече Кузеска.