27. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Колегите се простуваат од Мишел Трахтенберг: „Почивај во мир убавице“

Мишел Трахтенберг ненадејно почина, а нејзината смрт одекна низ Холивуд. Бројни познати личности и оддадоа почит на Мишел откако полицијата во Њујорк ја потврди смртта на 39-годишната актерка на 26 февруари.

По веста за нејзината смрт, бројни колеги и обожаватели споделија спомени и проштални пораки на социјалните мрежи.

Актерката Мара Вилсон објави кратка, но трогателна порака на Инстаграм. „Срцето ми се кине за мојот пријател од детството“, напиша покрај фотографија од Мишел. „Твоето сеќавање ќе биде благослов, Мишел“, додаде таа.

Сочувство до колешката искажа и Ким Катрал, позната по улогата во серијата Сексот и градот. „Ова ми го скрши срцето. Толку талентирана, а отиде прерано“, напиша таа во коментар под објавата на Variety на Икс.

„Почивај во мир убавице. xo“, додаде таа.

Не долго потоа, Катрал објави уште една проштална објава на Инстаграм. Покрај фотографијата од двете од филмот Ice Princess, таа напиша: „Почивај во мир драга Мишел“.

„Таа ми беше пријателка, а сега почива во мир! Грижете се за своите луѓе“, напиша Кенан Томпсон.

Џејмс Марстерс, нејзиниот колега од Buffy the Vampire Slayer, сподели проштална порака со „Пипл“. „Денес ми е тешко во срцето. Изгубивме убава душа. Мишел беше неверојатно интелигентна, заразно смешна и многу талентирана личност. Таа замина прерано, оставајќи зад себе многумина кои ја познаваа и сакаа. Моите мисли се со нејзиното семејство, прекрасни луѓе кои сега ја доживуваат најтешката загуба. Се надевам дека сите ќе им дадат простор да се справат со оваа болка. Ќе ни недостасуваш Мишел“, рече тој.

Мелиса Џоан Харт се прости и со објавување на сцена од серијата Clarissa Explains It All, во која глумеа заедно./Извор:Makfax