Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дваесет и една година од авионската несреќа во која загина Борис Трајковски

Државни делегации и членови на семејствата денес ќе положат цвеќе во помен на трагично загубените животи во авионската несреќа пред 21 година, кога загина тогашниот македонски претседател, Борис Трајковски.

Авионската несреќа се случи на 26 февруари 2004 година кај Мостар. Во несреќата загинаа и Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска – советници во Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски, вработен во МНР, Борис Велинов, Аце Велиновски – обезбедување, Марко Марковски и Бранко Ивановски – пилоти на авионот.

Последниот извештај за авионската несреќа од меѓународниот истражен тим покажа дека причините за падот на „кингерот“ се седум системски грешки на пилотите. Авионот се спуштил под минимално дозволена висина, временските услови биле неповолни, а пилотите не ја почитувале стандардната процедура, да слетаат на друг аеродром. Тие решиле да продолжат со слетување. Беше посочено и дека авионот не бил одржуван соодветно./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Закани за наводно поставени бомби во училишта, констатирано е дека пријавите се лажни

ДЕСК

Во една мултиетничка општина, етничките поделби не се најдобра стратегија, порача Касами

ДЕСК

Касами: Работев за сите граѓани на Тетово, без оглед на етничката припадност

ДЕСК