Кинескиот претседател Шји Џјинпинг денеска телефонски разговарал со својот руски колега Владимир Путин, јави кинеската државна телевизија CCTV.
Како што се наведува, разговорот бил воден на иницијатива на руската страна.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно најави дека рускиот претседател денеска ќе оствари меѓународен телефонски разговор во контекст на информирање на руските партнери за преговорите со САД во Ријад.
„Минатата недела претседателот зборуваше за својата намера да информира голем број земји партнери за контактите со Американците. Според тоа, овој процес почна денеска“, изјави Песков за новинарите./Извор:Makfax
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...