13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk (c) 2024
МАКЕДОНИЈА

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија

Секој трет граѓанин или 35.2 проценти размислуваат да се иселат од Македонија покажува истражувањето на јавното мислење кое за емисијата Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Најголем интерес да се иселат од државата имаат возрасните групи од 30 до 50 години со завршено високо образование каде дури секој втор сака да си ја побара среќата надвор од Македонија, покажуваат деталните анализи на бројките.

15,9 проценти велат дека причина да сакаат да се иселат се платите а веднаш зад нив се оние кои велат дека причина се подобрите можности за децата, подобро здравство, подобро образование и инфраструктура.

Прв избор за дестинација е Германија која ја избрале 11,8 проценти од испитаниците, Швајцарија со 6.9 проценти и Словенија со 5.2. Скандинавските држави и САД се избор на нешто над 3 проценти испитаници.

Дека со сигурност ќе се иселат од државата во следните 5 години одговориле 10 проценти од испитаниците.

Огромен број испитаници дури 64.9 проценти велат дека имаат свој близок кој веќе се преселил во странство. 70 проценти од испитаниците сметаат дека споредено со периодот пред 5 години степенот на иселување се зголемува.

Истражувањето за Детектор го спроведе ИПИС со телефонска анкета спроведена од 24 до 26 јануари оваа година на репрезентативен примерок од 1033 испитаници од целата држава.

Можеби ќе ве интересира

Денес на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

ДЕСК

Д-р Шабан Салиу на 23-годишнината на ДСР: Од борба против дискриминација до институционална сила на Ромите!

ДЕСК

Сретен Стојковски од Коалицијата за зелена иднина: Потенцијалот на Куманово нема да се распарчува со импровизации

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.