Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Малолетник од Косово со „ауди“ удрил во двајца пешаци во Скопје

Вчера во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје, соопшти МВР.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ . Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Денеска го празнуваме Светиот маченик Нестор

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.