22. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Николовски: Новите политики на СДСМ го зајакнаа лозарството и винарството

СДСМ преку своите политики успеа значително да го зајакне лозарството и винарството, стратегиски гранки на македонската економија, истакна Љупчо Николовски во своето обраќање за Свети Трифун.

„Воведовме клучни промени, како што е новиот Закон за вино, кој ја гарантира откупната цена на грозјето и го заштитува трудот на лозарите. Резултатите се видливи – извозот на македонското вино достигна рекордни 60 милиони евра и се извезува во над 40 земји,“ нагласи Николовски.

Според него, растот на бројот на семејни винарии, поттикнат со грантови од по 10 илјади евра, го модернизираше секторот. СДСМ воведе и зелена нафта за лозарите, програма за авансна исплата на субвенциите, како и поддршка за настап на македонските вина на глобалните пазари.

„Нашето македонско вино е денеска препознаено насекаде во светот, благодарение на посветеноста и поддршката што ја добија лозарите и винариите од нас,“ истакна тој.

Сепак, Николовски го критикуваше недостатокот на нови мерки од актуелната власт, истакнувајќи дека СДСМ останува посветена на земјоделците, лозарите и промоцијата на македонското вино на светските пазари.

Со овие иницијативи, СДСМ покажа дека лозарството и винарството може да бидат двигатели на економскиот раст и препознатлив бренд на Македонија во светот.