7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата тресеше низ Чашка – пронајдени ловечки пушки и муниција

Денеска (09.02.2025), полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес и полициски службеници од Полициското одделение Чашка ги лишиле од слобода М.З.(86) и 41-годишната М.З., двајцата од село Долно Јаболчиште, општина Чашка. При претрес во нивниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени ловечка пушка ,,Бајкал”, ловечка пушка ,,Црвена Застава”, карабин ,,Хемерлес”, два оптички нишани за пушка, оружје за светлосна и звучна сигнализација, пиштол ,,ЦЗ- 99″, 146 куршуми различен калибар, 21 ловечки патрони, две рамки за пиштол, карабин ,,Црвена застава”- расклопен на делови и карабин без ознаки. Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така, со наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес и во домот на Џ.З.(44) од село Долно Јаболчиште, општина Чашка, каде биле пронајдени и одземени ловечка пушка ,,Бајкал” и 20 патрони за пушката. Известен бил јавен обвинител.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК