Скандалозна вистина излезе на виделина: пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на УМС, Сергеј Попов, во 2014 година пијан и без возачка дозвола предизвикал сообраќајна несреќа, а наместо со затвор, се извлекол со симболична казна од 500 евра поради што СДСМ повикува на целосна ревизија на случајот и бара Попов да сноси одговорност.
ДПМНЕ и Попов се дел од трулиот систем и неправдите против кои се борат младите. Затоа ниту ДПМНЕ ниту Сергеј Попов немаат никаков образ да зборуваат за правда, ниту пак да ги повикуваат младите. Доста беше лицемерие! Младите во Македонија заслужуваат одговорни, чесни претставници – а не луѓе со кривични досиеја кои ги спасувале врските“ изјави Стефанија Кузмановска од СДММ.
Таа додаде дека случајот на Попов не е ништо поразличен од оној на Фросина, среќата е што тогаш никој не загинал.
Според неа, младите во Македонија заслужуваат политички лидери со интегритет, а не луѓе со кривични досиеја кои својата слобода ја должат на политички договори во судството.
„Прашуваме, дали инсталациите на ДПМНЕ односно ‘системот што убива’ го заштитил Попов во тоа време? Бараме да се ревидира случајот на Попов во најкус рок. Бараме на увид на јавноста да се изнесе целиот процес и фактите за дивењето на Попов во пијана состојба. Го повикуваме Сергеј Попов да излезе пред младите и пред јавноста и да си даде оставка од позицијата пратеник и претседател на вмровската младина како минимум морален чин“ рече Кузмановска.