4. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поради сообраќајна несреќа, затворен за сообраќај патот од Каласлари до Градско

Поради сообраќајна незгода, регионалниот пат од Каласлари до населбата Градско е затворен за сообраќај од 14 часот, односно сообраќајот се пренасочува по автопатот Велес – Градско.

АМСМ потсетува дека од 15.11.2024 година почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.3.2025 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево./Извор:Makfax