6. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Муцунски – Гутереш: Нагласена значајната улога на ОН во справувањето со комплексните глобални предизвици

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк оствари средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

На средбата министерот Муцунски ја нагласи значајната улога на ОН во справувањето со комплексните глобални предизвици, вклучувајќи ги вооружените конфликти, кршењето на човековите права, тероризмот, насилниот екстремизам, влијанието на новите технологии и климатските промени.

Во однос на Агендата 2030 и одржливите развојни цели, соговорниците се согласија дека Пактот за иднината претставува можност за зајакнување на глобалното владеење и поефикасно справување со актуелните и идните предизвици. Министерот Муцунски нагласи дека овој документ создава рамка за конкретни глобални акции и отвора пат за зајакнување на мултилатерализмот, при што Република Северна Македонија е подготвена да даде активен придонес во овие напори.

Како нова членка на Советот за човекови права на ОН, министерот Муцунски ја реафирмираше посветеноста на Република Северна Македонија за промовирање на мултилатерални решенија засновани на принципите на Повелбата на ОН, владеењето на правото, демократијата и почитувањето на човековите права./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Душко Милев: Предллогот на Филипче за дополнителни 3 денари на цената за откупа на грозјето е спас за лозарите

C +

Вистината за АНБ: Дали Мицкоски за торби пари ги продавал државните интереси на туѓи држави?

C +

Филипче за Слободен печат: Владата нема желба ниту да ги зголеми платите, ниту да ги стави под контрола цените

C +