16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лишено од слобода лицето кое вчера во Скопје удри пешак и избега од местото на настанот

-На 31.01.2025 во 17.30 часот во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје е пронајдена и лишена од слобода С.В.М.(42), затоа што на 31.01.2025 околу 14 часот на крстосница од бул. „Кузман Јосифоски Питу“ и ул. „Бојмија“ со патничко моторно возило „цитроен“ удрила во пешакот А.М. (38) од Скопје и го напуштила местото на настанот без да укаже помош на повредениот, соопшти МВР.

А.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани телесни повреди. По наредба на јавен обвинител С.В.М. е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата трага по исчезнато 19 годишно девојче

ДЕСК

Во скопски хотел пронајден починат 44 годишник – полицијата истражува

ДЕСК

СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО СКОПЈЕ ОГРАБЕНА “ПРОДАВНИЦА” ЗА БРЗИ КЕШ КРЕДИТИ – Полицијата трага по лице кое поседувало огнено оружје

ДЕСК