16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонец под дејство на алкохол предизвика собраќајна незгода во Вараждин

Синоќа, нешто по 23 часот, се случила сообраќајна незгода со материјална штета во Вараждин. Сообраќајната незгода ја предизвикал 32-годишен македонец, кој управувал свое возило под дејство на алкохол, со измерено ниво на алкохол во крвта од 1,13 промил.

Возачот се движел по улицата Браќе Крајански и при стигнување на раскрсницата со источната обиколница, која со сообраќаен знак е означена како коловоз со првенство на минување, влегол на крстосницата, без да ги пропушти возилата што се движат на обиколницата.

Поради неотстапување, предниот лев дел од возилото удрил во предниот десен дел на автомобил управуван од 59-годишен унгарски државјанин на источната обиколница.

Во несреќата нема повредени, но евидентирана е материјална штета на возилата. Возачот што ја предизвикал несреќата ќе се соочи со соодветни санкции за возење под дејство на алкохол и непочитување на сообраќајните правила.

Македонската ракометна репрезентација вчеравечер го одигра првиот натпревар на Светското првенство во ракомет. Репрезентацијата на Унгарија беше нашиот противник во спортската сала во Вараждин, Хрватска.

Македонија – Унгарија заврши реми, 27-27./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК