Наутро студено, преку денот претежно облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во планинските региони повремено ќе провејува слаб снег.
Во Скопје променливо облачно и студено, со услови за повремен слаб снег.
Утре претпладне ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури во текот на целиот период насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштаат и под -10 степени. По некои котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури.
Прогноза за 16.01.2025
Минимална температура: -8°C до -1°C
Максимална температура: -1°C до 6°C
Утрото многу студено со услови за магла по одделни котлини, преку денот умерено до значително облачно, претежно тивко и со услови за провејување на слаб снег во планините во јужните делови.
Прогноза за 17.01.2025
Минимална температура: -11°C до -3°C
Максимална температура: -1°C до 8°C
Утрото многу студено со услови за магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец.
Прогноза за 18.01.2025
Минимална температура: -10°C до -2°C
Максимална температура: 0°C до 10°C
Утрото многу студено со услови за магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.