11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Ни доаѓа вистинска зима: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Во петок кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер, во сабота врнежите постепено ќе преминуваат во снег и во повисоките, а во недела и во пониските места. Локално се очекуваат пообилни врнежи.

Прогноза за 10.01.2025
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 11.01.2025
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 5°C до 10°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 12.01.2025
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 1°C до 6°C

Облачно со повремени врнежи претежно од снег, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.