12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод одбележувањето на 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик.

Почитувани сограѓани Турци,

Во богатото ткаење на нашата татковина, турската заедница е сјајна нишка која го облагородува мозаикот на заедничкото живеење придонесувајќи за зајакнување на меѓусебното разбирање и хармонија.

На 21 декември 1944 година, првпат се разлеа гласот на наставата на турски јазик во просториите на училиштето „Тефејуз“.

Денот на наставата на турски јазик го отелотворува правото на секој народ да го негува мајчиниот јазик како дел од националниот и културниот идентитет. Турскиот јазик и култура се скапоцен дел од македонската мултикултурна ризница и сведоштво за вековната симбиоза и соживот меѓу народите.

Јазикот не е само средство за комуникација, туку и движечката сила што ги димензионира дострелите на науката, ја обликува културата и ја поттикнува мудроста на народите.

Овој празник нека ве поттикне на уште поголеми успеси во зачувувањето и во развојот на вашиот јазик, култура и традиција. А, наставата на турски јазик нека продолжи да ги отсликува вредностите на знаењето, толеранцијата и почитувањето во нашето заедничко живеење.

Честит 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик!

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Следува значителна промена на времето, по сонцето доаѓа дожд и заладување

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.