Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Артан Груби го нокаутира и онака слабиот рејтинг на ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Паднаа во вода приказните на ДУИ за тоа како тие се залагаат за европски вредности, владеење на правото и правдата. Артан Груби го нокаутира и онака слабиот рејтинг на ДУИ, велта од ВМРО-ДПМНЕ.

Најголем доказ за криминалните дејствија на Груби, според оваа партија, е неговото ставање на црната листа на САД.

„Груби изјави дека е чист како солза а сепак побегна во Косово и се обидува да се пазари со правдата. Али Ахмети, ДУИ и СДС молчат за бегството на Артан Груби.

На површина излегуваат сите криминали, скандали и коруптивни дејствија на функционери и луѓе блиски до врхушките на СДС и ДУИ, а СДС и ДУИ молчат.

Срамно е тоа што се уште СДС и ДУИ не го осудиле бегството на Груби и не го повикале да се врати. СДС и ДУИ да кажат дали го поддржуваат бегството на Груби.

Али Ахмети наместо да го осуди бегството на Груби и јавно да се огради од постапките на Груби и тој замина во посета на Косово.

Толку од европските вредности и агенди на СДС и ДУИ“, истакнуваат од владејачката партија.

Груби, како што додаваат, тврдеше дека е „човек посветен на одбраната на европските вредности“ а нема ниту храброст, ниту морал, ниту смелост да се појави на суд и да се соочи со доказите.

Според ВМРО-ДПМНЕ; СДС и ДУИ молчат а на јавноста и е јасно дека на тој начин го поддржуваат бегството на Груби.

Нагласуваат дека одговорност мора да има и дека во Македонија мора да завладеат правото и правдата и да се унапреди демократијата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Алиу: Со синдикатите сме на иста страна, заеднички работиме на унапредување на статусот на здравствените работници

ДЕСК

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

ДЕСК

Николoски од Министерскиот самит: Вложуваме силни напори да изградиме квалитетна железничка и патна мрежа во Македонија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.