6. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Таравари се сретна во Абу Даби со заменик-министерот Јусиф Мохамед АлСеркал

Претседателот на Алијансата за Албанците и министерот за здравство, Арбен Таравари, денес во Абу Даби одржа работна средба со заменик-министерот за здравство и генерален директор на Emirates Health Service, д-р Јусиф Мохамед АлСеркал.

На средбата се дискутираше за интензивирање на соработката меѓу двете земји, особено во областа на размена на искуства и специјализации на лекари на универзитетите во двете земји.

Исто така, се разговараше и за отворање нови пазари за фармацевтскиот сектор, како и за меѓусебно признавање на дипломите на лекарите меѓу двете земји.

„Посебното значење беше нагласено во неколку можности за инвестиции во здравствениот сектор, особено за изградба на нови болници во Северна Македонија. Обединетите Арапски Емирати имаат посебен интерес да го поддржат целиот наш здравствен сектор. На состанокот од страната на ОАЕ учествуваа и Др. Хусаин Абдулрахман Ал Ранд, помошник министер за јавниот сектор и д-р. Амин Хусеин Аламеери, помошник министер за регулаторниот сектор за здравство,“ изјави Таравари.