На 29.10.2024 во 02.30 часот во СВР Куманово од вработена во Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив дошле пет лица мигранти (две од Ирак и три од Авганистан) со повреди. Според пријавеното, тие со повредите се здобиле бидејќи биле физички нападнати.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.