Анте Ќорушиќ, долгогодишниот директор на најголемата здравствена установа во Хрватска, КБЦ Загреб, почина по пад во клиниката Ребро, објавија хрватските медиуми.
Како што пренесува порталот Јутарњи лист, падот се случил помеѓу зградата на Дерматологија и Приемот на Обединетата Итна болница (ОХБП), Ќорушиќ удрил во главата и починал на лице место.
Колегите лекари се обиделе да го реанимираат, но не успеале, а потоа во болницата пристигнала полицијата која започнала истрага за околностите на овој немил инцидент, објави порталот Индекс.
Сè додека не стана директор на најголемата здравствена установа во Хрватска, Анте Ќорушиќ беше на чело на Комитетот за здравство на ХДЗ и важеше за сигурен кандидат за иден министер за здравство, но потоа партијата Мост стави вето и тој беше назначен за директор на КБЦ Загреб.