Новозеландскиот аеродром Данедин предизвика дебата ширум светот со нов знак кој ги ограничува прегратките во полето за поаѓање на три минути, а истовремено им наложува на патниците да го користат паркингот за „посрдечно збогување“.
Директорот на аеродромот Данидин, Даниел Де Боно, говорејќи на оваа тема за новозеландското радио RNZ, рече дека аеродромите се опишани како „емотивни жаришта“ и посочи на студија која сугерира дека прегратката од 20 секунди е доволна за да предизвика излив на „љубовни хормони“ и дека побрзиот проток на патници и оние кои ги испраќаат им овозможува на повеќе луѓе да добијат повеќе прегратки, објави Си-Ен-Ен.
Паркингот на аеродромот Данедин дозволува бесплатна 15-минутна посета на заминување, при што за секој престој се плаќаат дополнителни трошоци./Извор:Makfax