22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Со нови сведоци продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

Денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Како и претходно, и денеска се очекува да бидат испитувани сведоци предложени од Обвинителството, чија улога е да ги поткрепат обвиненијата против осомничените.

Минатото рочиште беше одбележано со сведочењето на полициски началници од СВР Скопје и СВР Велес, кои изнесоа информации за истрагата и детали за начинот на кој биле водени полициските активности во врска со убиствата на Вања и Панче.

За овие грозоморни убиства Обвинителството ги обвинува Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Сите на првото рочиште од судењето се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска./Извор:Makfax