Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 21 степен

Времето денес по одделни котлини ќе биде со услови за појава на слаба магла или ниска облачност.

Преку денот, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, a долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје наутро со услови за појава на слаба магла, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.

До недела ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време. Утре ќе има услови за појава на магла по одделни котлини, а во петок и сабота слаб локален дожд претежно во западните делови. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Фрчат казни: Во месец октомври 16.801 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 121 лице за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Ужас во Скопје: Прегазил пешак, па побегнал – полицијата го најде

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК